• Fri. May 17th, 2024

Масовна вакцинација и во Струмица, велат од министерството за здравство

vakcinacija

Струмица е следна на листата градови во кои ќе има поголем опфат на граѓани за вакцинација против ковид-19. Како што информираат од министерството за здравство за канал ВИС, уште утре ќе почне адаптацијата на една од спротските сали во градот со поставување на пунктови за вакцинација. Министерот за здравство вели дека во земјава пристигнува доволен број на вакцини па ќе има за сите заинтересирани граѓани.

Граѓаните коишто се вакцинирани во Србија ќе може да се реавкцинираат во земјава, но само тие што ја добиле вакцината Синофарм или Фајзер. Ревакцината ќе можат да ја закажат преку матичните лекари.

Засега останува мерката за носење маски на отворено. Според министерот, оваа одлука може да се промени најрано за една недела.

Последните два дена во Струмица с епристигнати нешто помалку од 500 дози од вакцините Фајзер и Синофарм, за вакцинирање на граѓани над 70 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *