Спорт

ОК Џио Струмица и ОК Струмица Жени по КУП титула во салата Парк

Од денеска до недела спортската сала „Парк“ во Струмица ќе се одржи завршницата на одбојкарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција. На финалниот турнир во машка конкуренција учествуваат екипите на Џио Струмица, Вардар, Универзитет Тетово и Шкендија, а во женска екипите на Струмица Жени, Вардар Жени, Јанта Волеј Кисела Вода и Работнички.

Капитенот на Џио Струмица, Васе Михаилов, рече дека неговата екипа е фаворит за освојување на купот.

– Очекувам во финалниот натпревар да се сретнеме со екипата на Универзитет Тетово, со која последен пат игравме во Струмица и претрпевме пораз од 3:2. Оваа недела изработивме добро со нашиот тренер Кирил Ричлиев и знаеме каде беа нашите грешки и ги исправивме. Не бегаме од улогата на фаворит и наша цел е да го освоиме купот, бидејќи сме поискусни и поквалитетни и играме дома, рече Михаилов.

Претставниците на Струмица жени потенцира дека за нив е успех што само по две години од постоењето на клубот стигнале до завршницата на купот.

– Нашите амбиции се да стигнеме до финалето и да се обидеме да го освоиме купот.Ние се потпираме само на домашни одбојкарки, односно немаме засилувања од странство за разлика од нашите противници. Ние во досегашниот тек на првенството покажавме дека имаме квалитет и освен со Јанта Волеј имаме победи против останатите. Тоа ќе ни биде дополнителен мотив да победиме и да покажеме дека сме во врвот на македонската женска одбојка,рече тренерот Атанас Милев.

Според програмата во петок и сабота се полуфиналните мечеви додека во недела се играат финалните натпревари по кои ќе бидат познати имињата на новите носители на куп титулите.

Препорачуваме:

Костадинов им ја честиташе најновата победа на  пионерскиот состав на Академија Пандев генерација 2010

Сузана Мицева

Меморијален турнир во пинг-понг „Киро Велков“

Сузана Мицева

Терзиев ги расплача радовишани со гол од центарот, лавовска победа на Макс Струмица

Ване Трајков