• Tue. May 14th, 2024

Времето утре ќе биде умерено до значително облачно со повеќе сончеви период во северните делови. Претпладне понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. Од понеделник дожд. Ваква е прогнозата на УХМР за следните денови.

Ќе дува умерен, а попладне особено долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе започнат врнежи од дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне облачноста ќе се зголеми. Во утринските часови со услови за магла во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 13 степени.

Преку ноќта кон понеделник во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Во понеделник преку денот врнежите ќе се прошират насекаде и во западните делови ќе бидат повремено поројни. Во планинските региони наместа ќе ќе има појава на грмежи. Ќе дува умерен до силен јужен ветер (над 60 км/ч).

Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне и ќе бидат пообилни на западот (над 20 л/24часа). Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината, а утринските ќе бидат позитивни.

Обилни врнежи во јануари

Засега не се очекуваат обилни врнежи и нестабилно време проследено со грмотевици. Такви услови имаше во јануари, кога наврнаа и до 50 литри на метар кубен вода во Југоистокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *