Регион

Oд 20 до 22 декември, изменет сообраќаен режим на потегот Богородица – Гевгелија

 Градежната фирма „Жикол“ ги известува граѓаните дека во периодот од 20 до 22 декември, 2022 година, поради изведба на градежни активности за рехабилитација на постојна водоводна линија на потегот Богородица – Гевгелија, ќе има изменет сообраќаен режим на улицата која води од крстосницата со патот за населеното место Богородица кон булевар „Гевгелија“.


          Се апелира до учесниците да го пренасочат сообраќајното движење, согласно наведениот календар на активности:
– вторник (20.12.2022 г.), од 10:00 до 15:00 часот- сечење и вадење на постоечки асфалт со утовар и транспорт до депонија на улицата која води од крстосницата со патот за Богородица кон булевар „Гевгелија“;
– среда (21.12.2022 г.), oд 08:00 до 15:00 часот- ископ на половина од улицата за поставување водоводна цевка Ф280 на улицата која води од крстосницата со патот за Богородица кон булевар „Гевгелија“;
– четврток (22.12.2022 г.) од 08 до 15:00 часот- ископ на другата половина од улицата за поставување водоводна цевка Ф280 на улицата која води од крстосницата со патот за Богородица кон булевар „Гевгелија“.
Планираните активности се можни доколку нема врнежи од дожд.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Канал ВИС ја пренесува сликата од регионалниот ковид центар

Од денеска ограничување за движење низ шумите

Сузана Мицева

Три улици во Струмица без вода до 14 часот