Регион

Ново Село на чекор до селекција на отпад

Жителите на Ново Село се подготвени за селекција на отпад.  Граѓаните велат дека има волја и свест за спроведување на селекцијата, само треба  поголема едукација но и опрема за да има ефект.

Еколошките здруженија велат дека Ново Село мора поинтензивно да работи на прашањето со отпадот, особено затоа што има голем број туристички дестинации и луѓе кои доаѓаат да уживат во убавините на Беласица. И од „Зелен институт“ сметаат дека општината е на добар пат и треба да се поддржува и следи процесот.

Ристоманов, советник од „Стига е“ во советот на Општина Ново Село, вели дека ова е прва фаза и дека проектот треба да биде унапреден во следниот период.

На завршниот настан присуствуваа граѓани, претставници од општината но и граѓански здруженија и се разговараше за начините како може слеекцијата во иднина целосно да се имплементира.

Препорачуваме:

Уапсен шверцер од Муртино – превезувал деветмина мигранти

Ване Трајков

Од денеска ограничување за движење низ шумите

Сузана Мицева

Децата во Струмица тргнаа на градинка – уште неколку денови ќе биде затворена градинката во градскиот парк

Сузана Мицева