• Fri. May 17th, 2024

Нови повисоки цени на маслото за јадење

Од утрово нови повисоки цени на маслото за јадење. Граѓани се жалат дека во маркетите најниската цена била 159 денари за литар. Ценовниот шок се очекува да ги опфати сите прехранбени продукти почнувајќи од основните: брашно, шеќер, леб.

Откако вчера Владата не ги продолжи антикризните мерки за ублажување на ефектите од економската криза, од утринава граѓаните купуваат по повисоки цени. Се враќа 5 отсто ДДВ на основните производи, а горивата повторно ќе се оданочуваат со 18 отсто. Како понатаму, прашуваат граѓаните, кога цените постојано „скокаат“, а платите се „цврсто закотвени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *