• Sun. May 12th, 2024

Насилството не смее да се трпи-порака од трибината за борба против семејното насилство

Насилството не смее да биде табу тема и треба да се пријавува, затоа што никој не смее да трпи насилство. Ова се пораките од трибината на која претставници на повеќе институции и организации зборуваа на оваа тема. Жртви се и жените и мажите, велат од подрачното министерство за правда, кое за жртви на семејно насилство обезбедува бесплатна правна помош. Сепак, бројот на жени е несразмерно поголем. Причина е и лошата економска ситуација на жените.

Од општина Струмица велат дека  се трудат да ги заокружат програмите за поддршка на жените жртви на семејно насилство: шелтер, советувалиште и куќа за домување за целосно реинтегрирање на жртвата во општеството.

Викарниот епископ господин Јаков порача дека треба да се тргне стереотипот  дека црквата поддржува било какво насилство врз жената. Тој порача дека насилството е недозволиво и не смее да се трпи, а во идинина треба да се мисли и на поддршка и помош и на насилниците, затоа што и ним им е потребна.
Во струмичкиот шелтер за една година биле сместени околу 25 жени. Психологот во организацијата вели дека тој е важен за првично згрижување на жените во перидоот кога ризикот по нивната безбедност е најголем.

Настанот го организираше општина Струмица заедно со Скај плус во рамки на кампањата 16 денови активизам зља борба против родово базирано и семејно насилство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *