• Tue. May 14th, 2024

Едукативен настан за борба против врсничко насилство во Баница

Да се едуцираат децата, но и  родителите да внимаваат на воспитувањето за да се превенира насилството помеѓу врсниците во училиштата. Ова е темата на трибината што во подрачното училиште Сандо Масев во селото Баница ја организираше стручната служба во ова училиште. Директорката Драгица Спасова вели дека децата можат многу да променат во своето однесување, ако правилно се насочуваат.

Стручната служба во ова училиште ќе организира и работилници со ученичкиот парламент на кои ќе гледаат едукативен филм за насилство помеѓу врсници а пота ќе дебатираат на оваа тема. Вакви работилници ќе се спроведат и во другите општински училишта а потоа учениците што ќе ја поминат работилницата своето знаење ќе м го пренесуваат и на соучениците за време на одделенскиот час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *