Македонија

Нѐ очекува нестабилно попладне

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ова е временската прогноза која УХМР ја најави за овој петок.

Што се однесува до максималната дневна температура, таа ќе се искачи од 25 до 33 степена. 

Во Скопје, претпладне сончево со слаб северен ветер. Од пладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Времето викендов:

Во сабота ќе дува засилен северен ветер, а претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури.

Препорачуваме:

Бугарија дозволи влез за македонските државјани со негативен тест

Сузана Мицева

УХМР: Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврово

Ѓ. K.

Претпладне со повремен дожд, попладне сончево со мала облачност

Сузана Мицева