Регион

Наредена реобдукција на телото на Јован Витанов

Се уште не се утврдени причините за смртта на 26 годишното момче од Струмица чие тело беше пронајдено минатата недела кај Ново Село.

Од Јавното обвинителство информираа дека по првата обдукција не биле утврдени причините за смртта заради што била издадена наредба за дополнителна тимска реобдукција на починатото момче. Момчето беше пронајдено со видливи повреди и првично обвинителството соопшти дека станува збор за насилна смрт.

При увидот кај почнатиот беа констатирани повеќе повреди кои првично упатуваат на насилна смрт. Бидејќи не можеше со сигурност да се утврди точната причина за смртта, јавниот обвинител издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот. Со оглед на тоа што обдуцентите и по неколку дена не можат да се произнесат за причините поради кои настапила смртта, издадена е наредба за дополнителна тимска реобдукција на телото на почнатиот. Резултатите од овој вешт наод се уште не се пристигнати во Обвинителството.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Струмица, со цел утврдување на фактите во случајот, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица поднесе повеќе барања за издавање наредби за претреси во домови и други простории на лица со кои починатиот остварувал последни контакти. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на снимки од видео надзор од еден угостителски објект, како и наредба за вештачење на мобилни телефони. Од мобилните оператори побарани се податоци за остварена телефонска комуникација, а издадена е и наредба за вештачење на повеќе предмети пронајдени во близина на телото на починатиот. Целиот терен, по наредба на јавен обвинител, циклично се пребаруваше два пати за да се пронајдат и други траги и предмети. По целосно расчистување на случајот, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“, велат од ЈО.

Препорачуваме:

Од денеска исплата: септемвриската пензија нема да ја добијат пензионерите на кои парите им ги носи поштар

Турската заедница во Македонија не ги признава резултатите од пописот

Стојне Митева

Во беровско Русиново заврши дводневната манифестација Илинденски Видувања Вршник 2023

Ѓ. K.