Свет

Написи на македонски јазик на грчките плажи

Локалните власти од Пефкохори, на четири јазици, меѓу кои и на македонски, на социјалните мрежи ги информираат туристите дека е забрането оставање лични предмети на плажата со цел да се зачува местото, јави дописничката на МИА од Атина.

Локалниот совет на заедницата Пефкохори, предупредува дека ќе следуваат казни и дека сите оставени предмети ќе бидат одземени. Одземените реквизите на туристите ќе им се вратат, откако ќе ја платат казната.

-Забрането е да зафатите место на плажата со вашите ствари преку ноќ, рано наутро и во текот на ручекот. Во спротивно доколку има напуштени предмети на плажата ќе бидат одземени од комунални редари и ќе бидат вратени по плаќањето на казната, пишува на македонски јазик локалниот совет на заедницата Пефкохори.

На првиот крак на Халкидики пракса кај туристите е да оставаат чадори, пешкири, душеци и други лични предмети со цел да имаат обезбеден простор на плажата.

Препорачуваме:

Потпишан договор за основање град Спутник во близина на Владивосток

Сузана Мицева

Догодина Евровизија во Малме, треба ли да учествува и Македонија?

Ѓ. K.

Бројот на заболени од коронавирус во светот помина 1 милион

Сузана Мицева