Свет

Намалувањето на цените на енергенсите ќе трае со години

Ќе бидат потребни години за да се вратат цените на енергијата на нивоата пред војната во Украина, изјави шефот на една од најголемите светски енергетски фирми за Би-Би-Си. Франческо Стараче од Енел рече дека намалувањето на цените зависи од новите извори на енергија како што се обновливите извори на енергија и топлинските пумпи.

Владите ширум Европа трошат милијарди помагајќи им на бизнисот и домаќинствата да за сметките за енергија. Тие, исто така, се обидуваат да обезбедат нови залихи.

Стараче појаснува дека компанијата, која произведува и дистрибуира електрична енергија и гас, се обидела да ги заштити своите 20 милиони европски клиенти од нестабилноста на енергетскиот пазар оваа година. И дополнува дека даваат се за да се придржуваат до договорите за фиксна цена.

Нарушувањето на довербата на клиентите ќе и нанесе поголема штета на фирмата отколку резултатите од една година, рече тој. Италијанскиот енергетски гигант продава струја на повеќе од 70 милиони домови и бизниси во над 30 земји.

Обновливи извори

Но, Енел планира да напушти многу од тие земји бидејќи се фокусира на обновливите извори на енергија за да стане јаглеродно неутрален до 2040 година. Исто така, сака да ги намали своите огромни долгови од околу 63 милијарди долари (52 милијарди фунти).

Инвестира многу во производство на соларни панели бидејќи ја проширува постоечката фабрика на Сицилија и гради нова во САД.

– Зголемените цени на енергијата беа најголемиот придонес за инфлацијата и кризата за трошоците на животот во Велика Британија, САД и еврозоната. Глобалната енергетска криза предизвикана од руската инвазија на Украина многу јасно покажа колку зависноста од еден единствен извор на енергија е опасна за Европа. Иднината ќе биде „екстремно декарбонизирана“ и ќе зависи од нуклеарната и обновливата енергија – рече Стараче.

Сепак, таа промена кон обновливите извори на енергија има и ризици. Во јули, Меѓународната агенција за енергија соопшти дека кинеската доминација во производството на соларни и ветерни турбини создава „потенцијални предизвици што владите треба да ги решат“.

Препорачуваме:

СЗО: Коронавирусот нема да исчезне тукутака

Сузана Мицева

Задолжителен негативен ПЦР тест за влез во Грција

Сузана Мицева

Српски лекари бараат смена на Кризниот штаб

Сузана Мицева