• Sun. May 19th, 2024

МНР за македонскиот јазик во ОН: Нема индиции што одат во прилог на објавените шпекулации

Согласно појавениот интерес на јавноста, нашата мисија во Њујорк стапи во контакт со претставници на Секретаријатот на ОН, од каде категорично ги отфрлаат сите шпекулации изнесени во медиумите за наводна внатрешна инструкција во Организацијата на Обединетите Нации (ООН) за начинот на користење на терминот – македонски јазик, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

Од ресорното министерство посочуваат дека нема никакви индиции што одат во прилог на, како што велат, објавените шпекулации, според кои на службите во Секретаријатот им се наложува наместо терминот „македонски јазик“, да го употребуваат терминот „јазикот на Република Северна Македонија (РСМ)“.

Од МНР појаснуваат дека единствениот референтен документ на ООН за главните обележја и податоци за земјите е UNTERM (кратко од UN Terminology).

„Во него се дадени основните информации за секоја земја: официјалното име, кратко име, јазик на држава, назив на валута, ISO кодовите и др.“, се наведува во рекцијата на МНР од каде доставуваат и линк на UNTERM со официјалните податоци за нашата држава.

Од нашето министерство нагласуваат дека Секретаријатот на ОН, како и сите негови тела, е обврзан да се придржува и да ги почитува податоците изнесени во UNTERM.

„Вработените во Секретаријатот на ОН немаат надлежност за толкување на вакви прашања. Секретаријатот на ОН раководи и има надлежност во менаџирањето на прашањата околу употребата на 6-те официјални јазици на Организацијата (англиски, француски, шпански, арапски, кинески и руски)“, стои во појаснувањето во кое објавените информации во медиумите се оценуваат како злонамерни шпекулации за вознемирување на јавноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *