• Sat. May 18th, 2024

Петков: Имаме барања за Македонија – вклучување на Бугарите во Уставот и спроведување на договорот

„Бидејќи утрово и во последните денови слушнав секакви лажни тврдења дека бугарската влада имала две надворешни политики, сакам да им дадам јасно до знаење на бугарските граѓани и на комесарот Вархеји дека Бугарија има три јасни барања Македонија да оди напред. Придржување до рамковниот став што го усвои бугарското Собрание, вклучување на Бугарите во Северна Македонија во Уставот за да се заштитат нивните права и трето, да се спроведе договорот за соседство. Едноставно и јасно“,  ова го изјавил премиерот Кирил Петков по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, јавуваат бугарските медиуми.

„Тоа беа нашите разговори и порано и сега со еврокомесарот. Благодарност до комесарот“, додал Петков.

Од своја страна, комесарот Оливер Вархеји го опишал како „фрустрирачки“ тоа што сè уште нема решение за проблемот, пишуваат медиумите во Бугарија.

„Враќањето назад и повторно значи дека сè уште нема решение, што е многу фрустрирачко за нас, ако можам искрено да кажам, бидејќи не можеме да продолжиме со процесот на пристапување на Северна Македонија. Сите земји членки мора да го одобрат тоа. По сите разговори во Софија и Скопје не само што ќе се разјасни, туку и ќе се зајакне европската перспектива за Република Северна Македонија“, изјавил Вархеји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *