• Sun. May 19th, 2024

МНР ги советува македонските граѓани да не патуваат во Израел

Поради конфликтот што во моментов се случува во израел, МНР ги советува македонските граѓани да не патуваат во Израел.

Министерството за надворешни работи, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во, или транзит низ таа земјата.

Македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош може да се обратат до македонската амбасада во Тел Авив на мобилниот број +972549096965 или некој од SOS броевите објавени на веб-страницата на Министерството.

извор: макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *