• Sat. May 18th, 2024

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 311 пациенти

ByВане Трајков

May 16, 2021

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 311 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 26, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 12 во Кичево 9, Кавадарци 11, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *