Регион

Млади од Богданци и Дојран ќе поправаат мобилни телефони за да се намали електронскиот отпад

Оштетените мобилни телефони наскоро нема да мора да се фрлаат. Ќе се обучуваат млади лица во Богданци и Дојран за нивна поправка. На тој начин здружението Полимат 13 планира да се бори со електронскиот отпад. За таа цел опремуваат работилници каде ќе се поправаат апаратите.

Преку изработка на информативни и едукативни видео материјали кои ќе бидат поставувани на социјалните мрежи активистите ќе ги информираат граѓаните на двете општини за важноста од правилното управување со електричната опрема а за таа цел здружението од 25 до 27 мај во Струмица ја организираше и првата обука на тема „одржливо управување со електронски отпад. 

Препорачуваме:

Владата да утврди дали е испочитуван договорот за Казандол

Грипот, настинката и короната се со слични симптоми и кај децата

Гевгелија ќе аплицира за да изработи проект за секундарна гасификациона мрежа

Сузана Мицева