• Fri. May 17th, 2024

Мијалков осуден на 8 години затвор за „Трезор“

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“.

Во отсуство поради бегство, пресуда е донесена и за поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој доби 15 години затвор.

На второобвинетиот, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, изречена му е казна затвор од пет години. На поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, судот му изрече затвор во траење од пет години.

„Судот се убеди дека обвинетите ги сториле кривичните дела кои им се ставаат на товар. Умислено ги сториле кривичните дела, а договорите биле склучени во корист на ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје. Сведокот Јордан Камчев ги потврди околностите дека бил сопственик на ФИНЗИИ ДОО Сад, кој кажа дека Жарко Луковски сакал да ја презеле и да работи со компанијата, па ја затворил пред 10 години. Обвинетиот Сашо Мијалков ги потврди блиските релации кои ги имал со Јордан Камчев. Судот ја ценеше и одбраната на другите обвинети“, рече судијката Џенета Бектовиќ.

Четворицата се прогласени за виновни, бидејќи судот цени дека тројцата го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски е осуден за помагање.

Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *