Граѓански новинар Регион

Мигранти од Куба пронајдени во возило во Гевгелија, приведен е возачот

Мигранти од Куба пронајдени во возило во Гевгелија, приведен е возачот.

Синоќа во 21.30 часот во близина на фабрика на улицата 7 Ноември во Гевгелија полициски службеници го привеле К.С.(63) од Велес, кој управувал патничко возило „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки.

При извршена контрола во возилото биле пронајдени седум мигранти од Куба. Лицата се приведени во полициска станица.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција против К.С. ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата-мигранти ќе бидат сместени во Транзитниот центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка.

Препорачуваме:

ВИДЕО:Пуштањето гасоводно крило до Дабиле и струмичкото поле се одложува

Просечната нето плата во април 36.134 денари

Ване Трајков

Се уште трае истрагата за опожарениот ТЦ Глобал во Струмица

Стојне Митева