Регион

Средношколци од СОУ Јане Сандански Струмица во посета на Канал ВИС

Средношколците од СОУ Јане Сандански од Струмица  се дел од  караванот кои заедно со  Институтот за комуникациски студии  го организираат шестиот Медиумски ден. Тие денеска беа во посета на ТВ Канал ВИС во Струмица каде се информираа за медиусмката и новинарската дејност.

На Медиумскиот ден учениците се запознаат со работата на новинарите, се информираа како функционираат редакциите, како се креираат медиумските содржини, но акцент ставија и како како медиумите се справуваат со дезинформациите.

Годинашниот медиумски ден, ИКС го организира во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија – Користи факти“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.

Препорачуваме:

Повторно затворен системот за наводнување од Паљурци оти нема вода во браната

Едукативни работилници во основните училишта за дијабет кај учениците

Сушите закана за лозовите насади