Регион

„Медија флеш“ ќе ги едуцира граѓаните за нивните потрошувачки права

Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ почна со реализирање на проектот „Јас сум потрошувач и одлучувам за моите пари“, финансиски поддржан од Општина Струмица.

Од здружението велат дека иако има Закон за заштита на потрошувачи, граѓаните не ги знаат своите права. Уште позагрижувачки е бројот на оние кои не знаат каде да се обратат во случај  нивното право како потрошувачи да биде повредено. Ова прашање и проблем е посебно изразено во помалите локални средини. Потребата од едукација на граѓаните-потрошувачи е неминовна. Целта е тие да се заштитат од лоши производи, нереални цени или да извршат промена на неисправниот производ. Исто така во време на дигитална ера и онлајн продажба, граѓаните мора да ги знаат своите права како онлајн потрошувачи.

-Иако до 2018 година постоеше Советодавно место за заштита на потрошувачите на Струмица и ова тело и канцеларија функционирало во рамки на Општина Струмица, како проект од Организацијата на потрошувачи на Македонија, веќе неколку години не е во функција. Формирањето и ставањето на ова тело во функција ќе овозможи граѓаните да имаат механизам и алатка за да се пожалат за нарушување на своите потрошувачки права. Но и да им се излезе во пресрет доколку има утврдени неправилности, додаваат од Здружението.

Главна цел на проектот е запознавање на граѓаните за нивните права како потрошувачи. Унапредување на заштитата на потрошувачите. Но, и заштита на интересите на потрошувачи со цел тие да развијат свест, вештини. Д а имаат информации за производите што ги купуваат. Потоа кои механизми и алатки им стојат на располагање за да се заштитат од лоши производи, нереални цени или да извршат промена на неисправниот, односно расипаниот производ.  

Во наредниот период „Медија Флеш“ преку најразлични активности ќе работи на реализација на овој проект, а граѓаните ќе бидат информирани подетално за сите активности во наредниот шестмесечен период за постигнатите резултати.

Препорачуваме:

Ќе се формира ли координативно тело за регулација на увозот на зеленук.Увозот на зеленчук во Македонија ја руши цената на домашните производи

Изречени 197 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

Ване Трајков

Локализаиран пожарот над Габрово