Свет

Македонски камионџии заглавени на украинската граница

Неколку македонски камиони не можат да ја напуштат Украина откако започна воениот конфликт меѓу Русија и Украина.

Со камионите управуваат македонски државјани. Тие се сериозно загрижени за својата безбедност и би сакале побрзо да се вратат во Македонија.

Сопствениците на камионите го контактираа канал ВИС затоа што досега немале никакви повратни информации од надлежните институции.

Сопствениците на робата и камионите се загрижени бидејќи е можна заплена на камионите и на стоката која ја превезуваат тие. Исто така не се знае судбината ниту на возачите кои не знаат дали и како во таква ситуација ќе можат да се вратат дома.

Засегнатите ги контактирале сите надлежни институции. Министерството за надворешни работи, македонската амбасада во Киев и македонската амбасада во Романија. Но, велат дека досега нема никаков напредок на терен.

Еден од возачите кој се враќа кон Македонија вели дека се уште е заглавен на границата и не знае дали ќе може да се врати назад во Македонија. Исто така напоменува дека има непречен сообраќај на турските камиони, но на македонските не им е дозволено да се движат.

Го контактиравме македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов и прашавме дали се запознаени со ситуацијата.

Амбасадорот одговори дека македонската амбасада во Романија прави напори да се реши ситуацијата меѓутоа тие немаат надлежност за Украина.

“Да е до романските власти ние ќе напрвиме се што можеме. Меѓутоа овде станува збор за украински власти, на нивната страна треба да се решава проблемот, затоа што таму едноставно не дозволуваат така лесно да се поминува заради засилени контроли.

Замислете тие можат не само робата туку и камионите да ги запленат … Многу е незгодна ситуацијата во услови кога повикува Украина на изолација нели на Русија и санкции меѓународната заедница да воспостави, логично е дека нема да дозволат преку нивната територија да поминуваат руски производи за било која држава.

Препорачуваме:

Околу 1.000 луѓе заразени со коронавирус на фестивал во Холандија

СЗО: Британскиот сој го има во 70 земји, јужноафриканскиот во 31, бразилскиот во 8 земји

Заболени работници во Австрија разнесувале пратки и заразиле уште 158 лица

Сузана Мицева