Регион

 Mила Калајџиева го освои првото место на Државниот натпревар во пишување есеј на француски јазик

Мила Калајџиева го освои првото место на Државниот натпревар во пишување есеј на француски јазик. Таа беше меѓу најдобрите 25 учесници во категоријата класични гимназии. Под менторство на професорката Нада Божијанова, а заедно со своите соученички Солунка Јовова и Алма Усеин, беа најдобрите на традиционалниот натпревар по француски јазик.

Ова не е прва награда на ученици од гимназијата „Јане Сандански“. Минатата година и во 2014, гимназијалците повторно беа меѓу најдобрите на натпреварот во пишување есеј по француски јазик.
Традиционалниот натпревар во пишување есеј на француски јазик е организиран од страна на Здружението на професори по француски јазик, а истиот се одржува на европско ниво. Доделувањето на наградите е на 20 мај годинава.

Препорачуваме:

На 16 октомври струмичка премиера на монодрамата „Дали е во ред“

Ѓ. K.

Струмичани задоволни што ќе се вакцинираат во градот

Сузана Мицева

Во салата на Советот во Дом на АРМ се дискутираше на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“

Ѓ. K.