Македонија

Литванскиот шеф на дипломатијата доаѓа во Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис, денеска ќе престојува во работна посета на земјава.

Од МНР информираа дека во рамки на посетата предвидена е средба со неговиот домаќин, министерот, Бујар Османи, а во фокусот на разговорите ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја и конкретната литванска поддршка на тој план, регионалната соработка, безбедносните прашања во светло на руската агресија врз Украина, како и подготовките за НАТО Самитот во Мадрид.

Потоа, литванскиот министер ќе се сретне и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.

Препорачуваме:

Од утре почнува исплатата на августовските пензии

Ване Трајков

Владата ја усвои стратегијата за тутун 2021 2027

Трошоците за живот во 2023 година пораснале за 9,4%

Ѓ. K.