Македонија

Лазаревски и Костовски ја добија наградата „Мето Јовановски“

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски ја добија државната награда „Мето Јовановски“ за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Лазаревски и Костовски се вработените во Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) кои го открија скандалот со масовното прислушување.

Како што соопштија од Министерството за култура, наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември во 13 часот во Собранието, кога се одбележува и Меѓународниот ден на човековите права.

Претходно, во 2018 година тие ја добија и „Наградата за слобода на говорот“ на Коалицијата за заштита на свиркачите во Југоисточна Европа и Европскиот центар за заштита на правата на свиркачите.

Наградата именувана по Мето Јовановски кој беше истакнат активист за човекови права за прв пат се додели во 2017 година.

Препорачуваме:

Денеска средба Ковачевски – Мицотакис на маргините на безбедносната конференција во Минхен

Заев: Не мислам дека цела Влада треба да си поднесе оставка

Проширување на градските гробишта во Струмица