• Sat. May 18th, 2024

Ковачевски со порака до Бугарија – почитувајте ги пресудите на Судот за човекови права за Македонците

Премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно ги повика бугарските власти да ги почитуваат пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, коишто Бугарија ги нема спроведено до денес во однос на почитувањето на правата на здружување на Македонците.

„Ние секогаш сме реагирале во однос на сите граѓани коишто во која било друга држава се самоопределуваат како Македонци. Македонци има во скоро сите држави во светот, како што има Македонци во САД, во Германија, во Швајцарија, така има Македонци и во Бугарија и во Грција, значи луѓе кои се определуваат како Македонци и ним им следуваат сите права што им следуваат на сите граѓани слободно да ја изразат својата желба за самоопределување. Постојат и пресуди на Судот за човекови права што Бугарија ги нема спроведено до денес и затоа ги повикувам уште еднаш бугарските власти согласно со одлуките на Судот, согласно со европските правни норми за заштита на малцинските права исто така и тие да постапат, бидејќи се работи за земја членка на ЕУ и тие граѓани кои се граѓани на Бугарија а кои се самоопределуваат како Македонци, во исто време се и граѓани на ЕУ, бидејќи да не заборавиме дека Бугарија е членка на ЕУ. Затоа уште еден повик од моја страна да бидат почитувани сите права, исто како што кај нас се почитуваат правата на сите етнички заедници и на секој поединец кој се самоопределил различно од Македонците или од другите кои се дел од нашето општество“, рече Ковачевски.

На новинарско прашање дали ќе побара признавање на македонско малцинство во Бугарија, тој рече дека постојат генерално две уставни уредувања од тој аспект во делот на малцинските права.

„Едното е каде што индивидуалното право на самоопределување се остварува колективно. Таков устав имаме ние на пример, каде што заедниците можат да бидат дел од уставното уредување, таков има Хрватска. На пример, Во Хрватска сите кои се дел од хрватското општество, 24 делови од други народи, се дел од хрватскиот Устав.