Македонија

Ковачевски: По примерот на Конески, со дела се грижиме за македонскиот јазик

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на настанот „Отворени денови на Институтот за македонски јазик“.

Премиерот Ковачевски посочи на значењето на Блаже Конески како еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, значајна личност за македонската книжевност, филолог, преведувач, професор, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, инспиративен ум за своето време, кој своето огромно знаење го става во служба на идните генерации.

„Наследството на Конески е темел на македонскиот јазик, а со тоа и темел во македонскиот идентитет и во македонската национална култура – но и со безвременско значење, поради поставеноста на Конески кон иднината како приврзаник на сфаќањето дека јазикот е жива материја. Затоа, Конески е патоказот и денес. И затоа доволно е да се препрочита Конески за да се биде спокоен и сигурен дека сме на вистинскиот пат“, порача премиерот Ковачевски.

Тој констатира дека одредницата да се работи во служба на иднината и идните генерации е аманет од Конески и тоа е нашиот пат, сега и секогаш.

Препорачуваме:

Утре, протест на судската администрација и во Струмица: Освен за судиите, да се најдат пари и за службениците

Сузана Мицева

Нови апсења на членови на терористичката ќелија која планирала напади во Македонија

Граѓаните ќе можат да пријавуваат загадување и онлајн