• Sat. May 18th, 2024

Каде беше најстудено утрово?

Настудено утрово било во Берово каде се измерени нула степени, а во Дојран се измерени десет степени.

Како што соопшти УХМР, два степени е во Лазарополе, 3 во Битола, 4 во Маврови Анови, Тетово и Струмица, 5 во Крива Паланка, 6 во Прилеп, Штип, Демир Капија, Скопје-Петровец и Попова Шапка, 7 во Претор, Дебар, Крушево, Охрид, Гевгелија и Куманово, 8 во Скопје-Зајчев Рид, како и 9 степени во Виница.

Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и температура до 24 степени. Стабилното време ќе се задржи до понеделник, а од вторник ќе се зголеми облачноста и ќе има локални врнежи од дожд. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *