• Fri. May 10th, 2024

Кабинетот на Пендаровски ќе одговори што може да се преземе за случајот Антон Панов

Кабинетот на Пендаровски ќе одговори што може да се преземе за случајот Антон Панов. Членовите на кабинетот на Пендаровски ги сослушале струмичките актери, па ќе разгледале што можат да преземат околу случајот со изборот на директор во Центарот за култура Антон Панов во Струмица. Тројца претставници од струмичкиот театар вчера се сретнаа со заменик генералниот секретар на кабинетот на Пендаровски, Тоѓе Зафировски, како и со Искра Гешовска, советничка за култура во кабинетот на претседателот. Според информациите од струмичките театарџии средбата била конструктивна, нивните ставови биле сослушани, а Зафировски и Гешовска рекле дека  после сртедбата ќе го запознаат и претседателот Пендаровски.

Актерите ја формираа иницијативата Култура или фис-култура веднаш по објавените резултати од Министерството за култура за нивното решение за директор на Антон Панов. На Конкурсот се пријавиле тројца кандидати: актерката Оливера Аризанова –Мансбарт, Јасмина Пијанманова, магистерка по менаџмент за култура и доскорешниот директор на градинката Детска радост, инаку дипломиран професор по физичко образование, Васил Бубев. Комисијата при министерството за култура во образложението вели дека Аризанова немала доказ дека е позната актерка, додека и двете немале сертификат за познавање на англискиот јазик. Бубев, пак, според нив ги исполнувал формално-правните услови. На реакциите дека Бубев поднел благодарница од учествона ден на праз и учество ан струмички карневал како доказ за искуство во полето на културата, од министерството не одговорија. Министерката за култура Ирена Стефоска на едно интервју вели дека и биле врзани рацете за конкретниов случај, бидејќи не можеле да преземе ништо.

Сепак, актерите сметаат дека ваквите изјави се неприфатливи  а односот на министерството игнорантски. Тие уште еднаш апелираа да се реши случајот и да се остави културата на уметниците.

Случајот со струмичкиот центар за култура не е изолиран. И центарот за култура во Тетово доби спортски работник за директор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *