Македонија

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен. Во таа битка тие често се критикувани и напаѓани, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески во обраќањето на свечениот настан по повод 15-годишнината од создавањето на Академијата за судии и јавни обвинители.

Сепак, додаде тој, ова треба да биде само поголем мотив за јавните обвинители и судиите да ја извршуваат функцијата професионално, непристрасно и одговорно.

„Ние, обвинителите и судиите, во работата и одлуките кои ги носиме, мора да ја обезбедиме еднаквоста на граѓаните пред законот. Сè додека не се постигне тоа, граѓаните нема да имаат доверба во нашата работа. Тоа ја поткопува правната сигурност во општеството и е плодно тло за корупцијата која не познава граници и подеднакво ги напаѓа развиените и неразвиените држави“, рече тој.

Препорачуваме:

Филипче – До крајот на летото очекуваме колективен имунитет

Се очекува одлука за можното скратување на периодот за изолација

Стојне Митева

Се укинува забраната за движење низ шумите

Сузана Мицева