• Mon. May 13th, 2024

Јапонија почна со вакцинација

Јапонија почна со вакцинација. Денеска таму започна првата фаза од нивната кампања за вакцинација против коронавирус, чија цел е прво да се заштитат 40.000 медицински работници, пет месеци пред отворањето на Олимписките игри во Токио, кои минатата година беа одложени.

Првите вакцини на Pfizer / BioNTech ги добија вработените во една од болниците во главниот град.

Директорот на болницата Казухиро Араки беше првиот кој се вакцинираше пред камерите. „Вакцината има важна улога во борбата против коронавирусот, па како директор сметав дека е важно да дадам пример“, изјави Араки пред новинарите.

Во првата фаза, Јапонија планира доброволно да вакцинира 40.000 здравствени работници кои се во првите редови во борбата против коронавирусот.

Владата се надева дека до март ќе го вакцинира целиот персонал во здравството, или 3,7 милиони луѓе.

Вакцинацијата на луѓе постари од 65 години во најдобар случај треба да започне во април.

Владата сè уште прецизно не го утврдила распоредот за вакцинација за преостанатата популација од 126 милиони жители.

Процесот на одобрување на вакцините во Јапонија заостанува зад Европа и САД бидејќи се потребни дополнителни клинички испитувања во земјата.

Македонија почна со вакцинација

Јапонија почна со вакцинација, а денеска и Македонија почна со вакцинација. Во Клиничкиот центар денеска ќе почнат да се вакцинираат медицинските лица

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *