Македонија

Ислам Абази избран за нов Јавен обвинител за гонење организиран криминал

Вишиот јавен обвинител на Гостивар Ислам Абази е новиот Јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција, на местото на досегашната шефица Вилма Русковска.

За само два гласа го победи Ермонд Незири од ОЈО Скопје, за кого гласале мнозинството колеги од Скопје. Но, главните во Републичкото обвинителство, гласовите ги дадоа за Абази. Шест гласа од Републичкото за него, еден за Незири.

Абази е познат по тоа дека иако не е од Академијата за судии и јавни обвинители, сепак добро го владеел правото и обвинителската работа. Неговата сопруга е на Академијата, неофицијално, таа е од претпоследната генерација и сега завршува. Наскоро ќе биде избрана за обвинителка или за судија во прв степен.

За овој виш јавен обвинител, во јавноста се зборува дека бил близок со владејачката ДУИ. Веднаш по изборните резултати, на фејбук објава му посвети заменикот-министер за правда Агим Нухиу, кој побара од него резултати во борбата против корупцијата.
Кариерата нарелативно младиот Абази тргнала нагоре, рано. Бил избран за обвинител во ОЈО Гостивар, а веднаш потоа и унапреден во Виш јавен обвинител на Гостивар, кој покрај гостиварското, ги покрива обвинителствата на Тетово, Кичево и Дебар.

Препорачуваме:

Законодавно-правната комисија,ја одби граѓанската иницијатива за продолжување на породилното

Dimitar Micev

Филипче: Децата од Гевгелија со обична вирусна инфекција

Не е постигнат договор за платите на просветните работници

Сузана Мицева