• Sun. May 12th, 2024

Итен план на ЕУ за набавка на гас

Итен план на ЕУ за набавка на гас.

Европската комисија предложи земјите членки да купуваат гас преку заедничка набавка и да воведат обврска складиштата за гас да бидат исполнети најмалку 80 отсто пред следната зима, а за наредната година 90 отсто.

„Глобалните и европските енергетски пазари минуваат низ турбулентни времиња, особено по руската инвазија на Украина. Европа мора да преземе брза акција за да обезбеди снабдување со енергија за следната зима и да го ублажи притисокот од високите сметки за енергија врз нашите граѓани и бизниси“, рече комесарот за енергетика, Кадри Симсон.

Комисијата во мај објави дека ќе претстави детален план за постепено укинување на зависноста од руските фосилни горива до 2027 година како одговор на руската инвазија на Украина. ЕУ увезува околу 40 отсто од својот гас од Русија.

Во меѓувреме, ЕУ и нејзините членки работат на изнаоѓање начин за брзо ограничување на растечките сметки за енергија и изнаоѓање алтернатива во случај на прекин на испораките на гас и нафта од Русија. Комисијата денеска презентира неколку предлози за кои лидерите на земјите членки ќе расправаат на нивниот самит утре и задутре.

Комисијата препорача земјите членки да купуваат гас преку заедничка набавка на ниво на ЕУ според моделот за кој е набавена вакцината против Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *