• Tue. May 14th, 2024

Инспиративна приказна на струмички петтоодделенци

петтоодделенци

Детската креативност и ентузијазам се заразни и неисцрпни. А ако на нив се додадат и вредна учителка и посветени родители, ги добивате петтоодделенците од струмичкото училиште Видое Подгорец, односно класот на наставничката Соња Цицимова.

Станаа препознатливи по уникатните карневалски костими, изработката на групна маска со којашто настапуваа прво на детскиот а подоцна и на големиот карневал. „Пуканки“ беше едно од нивните први впечатливи појавувања на детскиот карневал, а минатата година заедно со родителите ја изработија маската што симболизираше италијански ресторан за паста, но, на струмички начин. За оваа маска добија награда од карневалското жири, но имаа и неколку карневалски претставувања, како во земјата така и меѓународни.

За крајот на петте години учење и дружење, изработија рап – училишна песна и видео спот. Уживајте во нивната креативна изведба.

Видеото на класот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *