Регион

Иницијатива за собирање на потписи- „НЕ“ за образование спротивно на нашиот христијански светоглед

Граѓани најавуваат иницијатива за собирање потписи „Не“ за образование спротивно на христијанскиот светоглед. Ваква е реакцијата на група граѓани, кои преку „Тивериопол.мк“ реагираат по вчерашната седница на Советот на о.Струмица, кога беше отфрлен предлогот на советникот Владимир Ристов од ВМРО-ДПМНЕ да се тргнат родовите компоненти од Стратегијата за еднакви можности на жените и мажите и програмите за основно училиште.

„Затоа уште од утре ќе покренеме иницијатива за собирање на потписи кои ќе бидат доставени до сите релевантни институции. Затоа уште од утре преку родителски здруженија и организации, но и родителските совети ќе делуваме во училиштата каде што ги праќаме нашите деца да ги образуваат, а не да ги обезобразуваат со идеологии и теории спротивни на нашиот христијански светоглед. Затоа ги охрабруваме и директорите на основните и средните училишта кои денес делуваа прилично збунето, да застанат цврсто против сите родови глупости веќе застапени во училишните програми и наставните концепти. Децата им припаѓаат на родителите, а не на родовите идеолози. Ние родителите ќе одлучуваме за образованието и за се што се однесува на нашите деца!“-се вели во објавата на Тивериопол.мк.

Препорачуваме:

Југоистокот бара развој на туризмот

Сузана Мицева

Приведени двајца крадци во Струмица, кај нив пронајдени предмети што потекнуваат од кривични дела

Ѓ. K.

Двајца струмичани починале од компликации од коронавирус а заболени се нови 11 лица, објави министерството за здравство

Ване Трајков