Свет

Грција со 650 милиони евра ќе ги помага граѓаните поради поскапената храна

Владата во Атина од февруари следната година ќе издвои 650 милиони евра за финансиска помош за своите граѓани поради големите поскапувања на храната, најави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Како што јавуваат денеска грчките медиуми, тој во парламентот најавил дека државата на граѓаните ќе им врати 10 отсто од потрошените пари за купување храна до одредена сума.

„Мерката ќе се применува шест месеци почнувајќи од февруари“ рече Мицотакис, пренесува Танјуг.

Програмата вредна 650 милиони евра ќе се финансира од даноците на нафтените рафинерии во земјава.

Парламентот не мора да ја одобри владината мерка.

„Бенефит од оваа програма ќе имаат паровите кои заработуваат до 24.000 евра годишно. За секое дете ќе се додадат по 5.000 евра. Програмата треба да им помогне на повеќе од 85 отсто од населението“ процени Мицотакис.

Препорачуваме:

Кога баба ти ќе ти рече дека Ремзи и Џејми Оливер може вода да и носат…

Dimitar Micev

Нема летови меѓу Македонија и Италија со „Визер“ до 31 јули

Сузана Мицева

Доминиканската Република гради ѕид за да се заштити од Хаити

Сузана Мицева