• Sun. May 19th, 2024

Грци ја преплавија Гевгелија за празниците

gevgelija

Грчките гости ја преплавија Гевгелија за новогодишно-божиќните празници. Од пазарење до прослави во рестораните, или само куса посета на казината на границата, незамисливи се празниците без најредовните муштерии на гевгеличани. Граѓаните велат дека без нив во Гевгелија нема живот.

И градоначалникот на Гевгелија се сложува дека грчките посетители се значаен дел од локалната економија. Вели дека тие се особено важни за трговците и малите бизниси, со оглед дека секојдневно овде пазарат или користат најразлични услуги од локланите компании.

Гевгелија првпат сфати што значат грчките муштерии за време на корона-пандемијата кога се затворија границите . Оваа година првпат во три години се е полно за празниците.

За викенди или празници смета дека дневно во Гевгелија доаѓаат и по неколку стотици Грци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *