• Sat. May 18th, 2024

Бадников концерт на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица

Осумдесетина деца пееја бадникови песни и го најавија Христовото раѓање со концерт на градскиот плоштад во Струмица. По околу два месеца подготовки за концертот што го организираат волонтерите на Фондација Елеуса заедно со учениците од школата за веронаука при храмот „Свети Кирил и Методиј“ и Струмичката епархија, струмичани имаа можност да уживаат во божиќните композиции со изведба во живо од хор и оркестар.

Ова е втора година да се одржува ваков концерт на плоштадот. Младикот Лука Митев кој учествуваше и лани, вели дека идејата е концертот скеоја година да е помасовен.

Претходно децата беа во посета на Општина Струмица каде ги прими градоначалникот Костадинов и Викарниот епископ господин Јаков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *