Регион

Градоначалникот и советниците во традиционалната новогодишна посета на пожарникарите, полицајците, медицинарите и штитениците на Бања Банско

Како и секоја година досега и за дочекот на оваа, 2023, не се прекина традицијата за посета на дежурните пожарникари, медицински лица и штитениците од Заводот за заштита и рехабилитација, Бања Банско.

Градоначалникот со дел од советниците синоќа беше во обиколка на дежурните екипи и им посака мирна новогодишна ноќ.

„Благодарам на противпожарната служба, на болницата, на итната медицинска помош, на свр Струмица, на филтер станицата на вработемите од центарот за управување со кризи што кога ние прославуваме тие несебично се грижат за нас,“ напиша Костадинов во својата објава на фејсбук.

Препорачуваме:

Земјоделците од Валандово за договорно производство на зелка

Со помош на ЕИБ ќе се гради канализационa мрежа во Василево, вели градоначалникот Јанев

СОУ „Никола Карев„ од Струмица со „Јин и Јанг„ на струмичкиот карневал

Dimitar Micev