Регион

Гореше ТВ канал ВИС

Рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна каде се сместени просториите на регионалната ТВ канал ВИС. Во пожарот кој изби зафатени беа телевизкото студио и техниката, но гореа и останатите субјекти сместени во зградата. Противпожарната екипа е се уште на терен и се обидуваат да го локализира пожарот. Увидна екипа на полицијата треба да дојде во текот на денот откако ќе се изгасне пожарот. Истрагата треба да покаже кои се причините на избивање на пожарот и колкава е материјалната штета.

ТВ канал ВИС неа да ги остави гледачите без содржини. Телевизиските екипи ќе работат и понатаму на терен, ќе ги информираат граѓаните за се што се случпува во регионот преку официјалната web страна, фан страната на facebook, а вестите ќе се емитуваат на официјалниот youtube канал.

Препорачуваме:

Градоначалникот Костадинов го честиташе 18 Април – Светскиот ден на културното наследство

Ѓ. K.

Започна да се асфалтира делница на патниот правец од Иловица и Штука кон Турново

Ѓ. K.

Ексклузивно: Миловановиќ од А. Пандев стави потпис на четири години во Киево од Италија

Ване Трајков