• Sat. May 11th, 2024

Гевгелиските граѓански организации ги презентираа проектите во рамки на ReLOaD 2

45 граѓански организации од осум општини во државата, меѓу кои и пет од Гевгелија,  ги претставија своите проекти за млади, социјална кохезија и инклузија, човекови права, заштита на животната средина, култура, туризам, на информативната средба во Скопје.

Проектите ги имплементираат во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2)
            На средбата, амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан им честитаа за нивните заложби и иницијативи за подобрување на квалитетот на живот во локалните заедници и за давање поддршка на оние на кои им е најпотребна.
            Програмата ReLOaD, чија главна цел е зајакнување на партнерството помеѓу локалните власти и граѓанското општество, се имплементира во партнерските општини Општина Гостивар, Општина Охрид, Општина Куманово, Општина Битола , Општина Велес, Општина Гевгелија, Општина Кочани и Општина Крива Паланка.
            ReLOaD2 се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија, а ја имплементираат УНДП со партнерските општини.