• Tue. May 14th, 2024

Гевгелија продаде четири градежни парцели за куќи

На последното електронското јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште во Општина Гевгелија, од огласените 5 градежни парцели за домување во станбени куќи на „Караорман“, продадени се 4 парцели. На Jавниот повик за учество во наддавањето, се пријавиле 20 понудувачи, стои во Извештајот за спроведена постапка за јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште. За четирите парцели, чија почетна цена изнесуваше 61 денар по метар квадратен, на електронското јавно наддавање се постигнати цени од 1.200 денари до 2.230 денари. Односно, од продадените градежни цели обезбедена е вкупна сума од 3.221.510 денари.
            По спроведената постапка за јавното наддавање, Комисијата спроведување на постапки за отуѓување на градежно земјиште изготви поединечни записници за сите пет парцели и истите електронски ги достави до сите учесници на јавното наддавање. По изминување на законскиот рок од 3 дена за поднесување приговори од учесниците, ќе продолжи постапката за отуѓување на предметното земјиште согласно Законот за градежно земјиште. Во тек е законска постапка за оттуѓувањето и на петтата градежна парцела, за која е поднесен приговор заради техничка грешка при понудувањето највисока цена.