Регион

Се продаваат пет градежни парцели во Караорман Општина Гевгелија

Општина Гевгелија огласи на продажба пет градежни парцели за домување во станбени куќи, сопственост на РСМ. Градежните парцели за домување во станбени куќи се наоѓаат на дел од КП 392/104, КО Гевгелија, во местото викано Караорман.

Површините на парцелите се движат од 309 до 599 квадратни метри, а почетната цена за квадратен метар изнесува 61 денар.

Продажбата на петте парцели ќе се одвива преку електронско јавно наддавање (www.gradezno-zemjiste.mk), на 29 март 2023 година, почнувајќи од 9 до 11 часот, во траење од 15 минути за секоја огласена парцела посебно.

Заинтересираните правни и физички лица треба да ги достават пријавите за учество на јавното наддавање по електронски пат на следнава интернет-страница: www.gradezno-zemjiste.mk, до 27.3.2023 година.

Препорачуваме:

Воспоставување на стратешка соработка помеѓу РЕЦ и Општина Дојран

Во Струмица во моментот се врши само ревакцинација

Анѓушев – Владата ќе подржува позитивни проекти со чисти технологии на преработка но и интересите и барањата на граѓаните