• Sat. May 11th, 2024

Гевгеличанец ги убил братот и снаата

Двојно убиство во гевгелија. Шеесет и деветгодишен гевгеличанец се сомничи  дека вечерва ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62).

СВР Струмица информира дека вечерва околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот.

Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија, а осомничениот е задржан во полициската станица во Гевгелија и од него било одземено оружјето со кое го извршил убиството.

Увид на местото на убиството извршил јавен обвинител и увидна екипа од гевгелиската полиција.