• Fri. May 17th, 2024

Општина Босилово учествуваше во акцијата за чистење и селектирање отпад „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023“

ByЃ. K.

Sep 25, 2023

Општина Босилово по вторпат учествуваше на најголемата пролетна акција за чистење и селектирање отпад „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023“.

Акцијата се спроведе на две локации –Акумулација Иловица и Манастир „Свети Климент и Наум Охридски“ – Хамзали.

Од страна на организаторите на акцијата се доделени благодарници на учесниците на акцијата – Општина Босилово, ЈПКД „Огражден Босилово“, ООУ „Борис Трајковски“ Моноспитово, ООУ „Гоце Делчев“ Босилово и ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Иловица.

Општина Босилово останува отворена за соработка и учество на акции кои ќе продонесат за подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно влијание врз зачувувањето на животната средина.

By Ѓ. K.