• Sat. May 18th, 2024

Еден милион денари за чист Дојран

Работна офанзива во Дојран пред почетокот на новата туртстичка сезона. Се расчистува крајбрежјето, полека се подготвува езерското гратче за туристи. Најголемите активности се во Стар Дојран.

Општина Дојран распиша тендер и избра компанија што ќе се грижи за чистотата во текот на четирите месеци од летната сезона. Општината ќе издвои околу 1 милион денари за оваа намена, бидејќи комуналното претпријатие нема доволно вработени и ресурси за сами да ја организираат јавната чистота.

Минатата година и покрај пандемијата Дојран пречека голем број гости. Проценките се дека се остварени околу 100 000 ноќевања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *