Регион

Донирани таблети и проектори за две училишта во о.Василево

Двете основни општински училишта ООУ „Гоце Делчев“, Василево и ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала, за потребите на наставата добија донација, таблети и  проектори.

Таблетите, вкупно 63 од кои 23 за ООУ „Гоце Делчев“ и 40 за ООУ „Атанас Нивичански“ се обезбедени од Министерството за образование и наука и истите се наменети за учениците од социјално ранливи семејства, за нивно полесно вклопување во редовниот наставен процес.

„Проекторите се донација од дијаспората, за што училиштата и општината изразуваат посебна благодарност. Донацијата е добредојдена и секако ќе најде своја примена во  реализирањето на наставните програми и содржини и ќе придонесе за нивно полесно совладување“, изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во врска со донациите на  училиштата.

Препорачуваме:

Прекин на водоснабдувањето од 7 до 18 часот попладне

Земјоделците бараат итна интервенција со откупот на зелка, во спротивно ќе блокираат

Dimitar Micev

Јавна презентација и анкета за Боров Дол во Конче, Штип и Радовиш