• Wed. May 15th, 2024

До крајот на август ќе се знае кандидатот за градоначалник на СДСМ за Струмица

До крајот на август ќе се знае кандидатот за градоначалник на СДСМ за Струмица. Вака најави партискиот лидер, Зоран Заев. Тој вели дека за оние општини каде веќе има анализи и изготвени анкети, може да се знае и порано.

Така, за оние општини за кои се сигурни, СДСМ ќе ги објави кандидатите за градоначалници кон крајот на месец јули. Според изјавите на Заев, ќе се прават анкети за да се провери мислењето на граѓаните. Тие треба да диктираат кој ќе биде најсоодветно име за градоначалник. Претходните месеци, Заев најави дека од Југоистокот е задоволен од неколку градоначалници, со што најави дека е можно да бидат кандидати и за втор мандат.

Актуелниот градоначалник на Струмица, Коста Јаневски, во последното гостување во емисијата Vis a Vis на тв канал ВИС изјави дека има намера да се кандитира повторно, ако добие доверба од партијата и граѓаните.

Засега од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ нема шпекулации со можни имиња за кандидат за градоначалник на општина Струмица.

Кандидатските листи за градоначалници треба да бидат готови во првата половина на септември, кога ќе се поднесат и до Државната изборна комисија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *