• Wed. May 15th, 2024

Да не се користи оштетениот мост во Секирник, препорача ЦУК

Мост во село Секирник е закана за општата безбедност на луѓе од неколку населени места кои ги обработуваат нивите во атар од околу 50 хектари. Случајот до Центарот за управување со кризи го пријавил градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, кој побара помош од Владата за негова санација.

Земјоделците велат дека стравуваат при движење, особено што на нивите одат и со трактори и приклучна механизација, па низ мостот минува голема тежина.

Центарот за управување со кризи препорача затворање на мостот, до изнаоѓање на конечно решение.