• Tue. May 14th, 2024

Цените на мало во септември пораснале за 5,6%

Државниот завод за статистика излезе со долгоочекуваните податоци за движењето на трошоците на живот во септември, но и за движењето на цените на мало, кои се однесуваат за септември.

Тие говорат дека во септември во однос на истиот месец лани трошоците на живот се зголемиле за 3,7 отсто,а цените на мало за дури 5,6 отсто. 

Ако е за утеха, во однос на претходниот месец, односно август, има сосем,а благо намалкување на цените и трошоците за живот. 

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември во споредба со претходниот месец се помали за 0,1 отсто, а цените на мало за 0,5 проценти.

Пораст на трошоците на животот во септември има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.5 проценти, пивото за 0.7 проценти, рибата и морските плодови за 0.4 проценти, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0.2 проценти.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4,4 и млекото за 0,3 проценти.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9.4 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 9.3 проценти, услугите за сместување за 3.3 проценти, книгите за 1.2 проценти, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, електричните апарати за лична хигиена за 0.5 проценти, обувките за 0.3 проценти и моторните возила за 0.2 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *